europas1

Европас работилница на Факултет за ветеринарна медицина

На 20.12.2023 година се одржа Работилница за европската образовна мрежа Европас на Факултет за ветеринарна медицина. Оваа работилница беше наменета за студенти од Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје.

На работилницата стуудентите имаа можност да се запознаат со Европас мрежата и сите документи и услуги кои ги нуди истата. Исто така студентите креираа свои Европас профили и им беше детално објаснето што да внесат во секое поле.

На крајот на работилницата се напоменаа и другите документи во Европас платформата како што се додатокот на диплома и мотивациското писмо, како и какви можности нуди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за млади лица и студенти преку Еразмус+ Програмата и другите европски образовни мрежи со кои раководи.

v3

Одржана Европас работилница за студенти

На 18.12.2023 година се одржа Европас работилница за студенти на Факултет за информатички технологии и комјутерско инжинерство.

Европас работилницата беше наменета за студенти и на истата студентите креираа свои профили на Европас платформата.

Исто така им беше презентирано како да ги пополнат сите полиња на Европас профилот и начинот на сочувување, ажурирање и споделување.

Освен Европас мрежата на студентите им беа споменати и другите мрежи со кои раководи Националната агенција за европски обрзаовни програми и мобилност а се наменети за млади лица како Евродеск и Европски младински портал.

Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност освен на Факултетот за информатички технологии и комјутерско инжинерство продолжува да организира ваков вид на работилници и на другите факултети.

SL1_2314

Конференција: Значењето на Европас во процесот на кариерното советување (видео)

Согласно целите на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, насочени кон унапредување на кариерното советување во училиштата за стручно образование и обука, Европас/Еврогајденс центарот организираше конференција на тема „Значењето на Европа во процесот на кариерното советување“.

На конференцијата учествуваа наставници од целата држава, кариерни советници и преставници од МОН. Учесниците беа запознаени со Европас платформата и суштинските документи кои обезбедуваат стандардизиран начин за презентирање на вештините и квалификациите низ Европа, олеснувајќи ја мобилноста и вработливоста.

Сесиите опфатија широк спектар на теми, вклучително и интеграција на Европас во стратегиите за кариерно советување и влијанието на Европас врз вработливоста на учениците. Еден од најважните моменти на конференцијата беше соработката и споделувањето знаења меѓу наставниците, овозможувајќи им да стекнат сознанија за најдобрите практики и иновативните пристапи во кариерното советување.

По конференцијата, учесниците колективно напишаа збир на предлози до Министерството за образование и наука. Овие препораки се фокусираат на зајакнување и проширување на центрите за кариера во училиштата за стручно образование и обука. Предлозите, исто така, ја истакнаа потребата од зголемени ресурси и можности за обуки на вработените во стручните училишта.

Конференцијата „Значењето на Европас платформата во процесот на кариерното советување“ е значаен чекор напред во напредокот на кариерното советување во училиштата за стручно образование и обука во Република Северна Македонија.

ep1

Одржан вебинар на тема Меки вештини за подобра вработливост – Европски мрежи Европас и ЕПАЛЕ

По повод Еразмус деновите и Европската година на вештини, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа вебинар на тема: „Меки вештини за подобра вработливост – Европски мрежи Европас и ЕПАЛЕ“

Вебинарот се одржа на платформата ZOOM на 12.10.2023 година со почеток од 11:00. На вебинарот присуствуваа многу лица од различни профили.

На овој вебинар се објаснија Европас платформата, Епале Платформата и каква поврзаност имаат Меките вештини за подобра вработиливост.

На крајот на вебинарот се појаснија какви се можности и бенефити нудат овие платформи за лицата.

europas

Одржана презентација за Европас

На 21.09 беше одржана интерактивна презентација за Europass платформата во рамките на настанот Europe Mobility Week организиран во Студентски информативен центар при УКЛО Битола. Учесници беа студенти, средношколци, спортски клубови.

Бидејќи настанот беше дел од European Mobility Week, акцентот беше ставен на можностите што ги нуди Европас, при реализацијата на мобилностите на младите луѓе.

Исто така, овој месец беа реализирани и on-demand индивидуални консултации во врска со практична изработка и употреба на Europass CV. Кристијан Саламовски, студент на Ветеринарна медицина на УКЛО Битола Европас амбасадор

bro

Работен состанок за европските образовни мрежи во Биро за развој на образование

На 15.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во Биро за развој на образование. На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас, Еврогајденс и еТвининг центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и  директорот и вработени лица од Биро за развој на образование. 

На овој состанок се разговараше за трите образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и за продолжување и продлабочување на соработката со Биро за развој на образование.

На крајот на состанокот се напоменаа и активностите кои се планирани во новите програми на мрежите и во кои и претставници од Бирото за развој на образовние ќе присуствуваат и се закажа нова работна средба за следната недела со наставниците и со советниците од БРО кои работат на наставните програми.

europass-euroguidance

Oдржан работен состанок со средно стручно образование

На 14.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во Центарот за стручно образование и обука. На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас и Еврогајденс центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за стручно образование и обука.

Состанокот се одржа согласно временската рамка за документот Европас додоаток на сертификат кој се изработува во соработка со Центарот за стручно образование и обука. 

Освен овој документ се напомена и Еврогајденс мрежата и какви активности и можности нуди истата а се наменти за Центарот за стручно образование и обука.

Screen Shot 2023-09-12 at 12.55.07

Работен состанок за Европас и Еврогајденс

На 12.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во Центарот за образование нa возрасни.

На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас и Еврогајденс центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за образование на возрасни.

Се одржаа кратки презентации за мрежите Европас и Еврогајденс, нивните цели и приоритети. Исто така се зборуваше и за Националната мрежа Еврогајденс и како Центарот за образование со возрасни да се вклучи во истата.

На крајот на состанокот се напоменаа активностите кои се планирани од Европас и Еврогајденс за следната работна програма и во кои се вклучени и Центарот за образование со возрасни.

Слика моја библиотека 1

Како да ги додадете сите ваши сертификати и достигнувања во концизно Европас CV?

Кога се пишува CV, многу е важно тоа да биде кратко и концизно. Како да ги прикачиме сите наши сертификати, достигнувања и дипломи, без да го оптовариме обемот на CV-то. Токму тоа ви го овозможува Европас форматот и ја прави оваа платформа уникатна.

Европас платформата, креирана од Европската комисија, го олеснува пишувањето на CV-то и овозможува да ги вклопите сите ваши достигнувања, за подобро да се претставите себеси каде што аплицирате. Ако досега сте користеле било кој друг формат на CV, знаете дека ова е невозможно, бидејќи CV-то ќе се зголеми во обем на страни и во големина на фајлот. Европас CV-то е оптимизирана алатка, која што ви нуди неограничени можности за прикачување на фајлови во различен формат. Прифаќа скенирани документи (jpg, png, pdf формат), линкови од ваши профили на останати профил. Сето тоа во една оптимизирана големина и user friendly format.

Со Европас, може да се прикажат вашите квалификации, вештини и работно искуство и е многу корисна алатка при барање на нови можности за работа или аплицирање за студирање на универзитет во странство преку Еразмус+ програмата.

Кога изработувате CV на платформата Европас, потребно е да биде кратко и концизно и да биде една до две страни. Важно е да се напише целото работно искуство и образование, како и да се прикачат сертификати од учество на Еразмус+ проекти, сертификати од јазични курсеви и остнати проекти или презентации. 

Прикачените фотографии од сертификати во вашето CV се доказ за вашата посветеност кон учењето и личниот развој и дава една јасна слика за вашето искуство. Со прикачување на фотографии од вашите достигнувања, работодавачите и академските институции можат да го забележат вашето искуство и мотивација кон вашиот личен развој на еден прегледен и визуелен начин. Европас платформата има значајна предност при аплицирање за работа или аплицирање за студирање на универзитети во странство преку програмата Еразмус+, поради стандардизираниот формат. Со користењето на оваа стандардизирана платформа, имате шанса да се извдоите од останатите апликанти.

Исто така, опцијата за Моја библиотека (My Library) во Европас профилот, овозможува прикачување на сертификати, вклучувајќи го и високо ценетиот Youthpass сертификат, кој се добива при учество во Еразмус+ проекти. Тие се чуваат во вашиот профил и може да одберете дали да ги споделите на вашиот профил, во зависност од тоа каде аплицирате.

Со редовно ажурирање на вашиот Европас профил, веднаш откако ќе стекнете нови вештини и сертификати, можете да одржувате ажурирана евиденција за вашите достигнувања. Тоа го прикажува вашиот континуиран развој. Со користење на Европас платформата, ја подобрувате вашата апликација и оставате силен впечаток на местото каде што аплицирате и ги зголемувате вашите шанси за успех на високо конкурентниот пазар на труд.

Кристијан Саламовски
Европас амбасадор во Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

347409433_656075756566791_4096303042524777928_n

Варшава: Форум за стручно образование – годишна конференција

На 15 и 16 јуни 2023 година во Варшава, Полска се одржа третото издание на Форумот за стручно образование – годишна конференција организирана од Фондацијата за развој на образовниот систем, Европас & Еврогајденс Полска и полскиот тим на експерти за стручно образование и обука.

Овогодинешната тема беше „Предизвиците и перспективите на дигиталното образование наспроти барањата на пазарот на трудот“.

Програмата опфати клучни прашања поврзани со ефективно планирање на кариерата во ерата на дигиталното образование.


На покана на полските колеги, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација, каде беа разгледани можностите за синергија на програмите Европас и Еврогајденс во работата на кариерното советување/насочување.


Исто така, двете земји разменија добри практики, со што уште еднаш се докажа добрата соработка помеѓу полскатата и македонската Национална Агенција.


Корисни линкови: