347409433_656075756566791_4096303042524777928_n

Варшава: Форум за стручно образование – годишна конференција

На 15 и 16 јуни 2023 година во Варшава, Полска се одржа третото издание на Форумот за стручно образование – годишна конференција организирана од Фондацијата за развој на образовниот систем, Европас & Еврогајденс Полска и полскиот тим на експерти за стручно образование и обука.

Овогодинешната тема беше „Предизвиците и перспективите на дигиталното образование наспроти барањата на пазарот на трудот“.

Програмата опфати клучни прашања поврзани со ефективно планирање на кариерата во ерата на дигиталното образование.


На покана на полските колеги, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација, каде беа разгледани можностите за синергија на програмите Европас и Еврогајденс во работата на кариерното советување/насочување.


Исто така, двете земји разменија добри практики, со што уште еднаш се докажа добрата соработка помеѓу полскатата и македонската Национална Агенција.


Корисни линкови:

ep-mobilnost-dokument

Онлајн презентација за Европас мобилност документ

Европас центарот организираше онлајн презентација за новите добитници на програмата Еразмус+ за Европас мобилност документот со наслов „ Европас мобилност документ – Вовед за акредитација на стекнатите вештини“. 

Оваа презентација беше одлична можност за нашите нови корисници да се запознаат со значењето и функцијата на Европас мобилност документот, како и начинот на негово здобивање.

Горди сме што Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја има можноста и алатките за европско акредитирање на здобиените вештини на младите луѓе, признаени во цела Европа