evropass

ЕВРОПАС КОНФЕРЕНЦИЈА

Во периодот од 18.12.2022 година до 20.12.2022 година се одржа Европас конференција во х. Инекс Олгица- Охрид. Оваа конференција е во согласност со тригодишната програма за европската образовна мрежа Европас. Истата беше наменета за наставници од гимназии ширум државата. Конференцијата траеше два дена. На конференцијата наставниците имаа можност да се запознаат со Европската образовна мрежа Европас и какви се поволности и можности нуди истата за нив.

Во текот на конференцијата секој наставник креираше свој Европас профил, кратка биографија, мотивационо писмо и Европас мобилност документ.

Освен Европас мрежата кон крајот на конференцијата беа напоменати и другите европски образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а се наменети за наставниците од гимназиите како и Еразмус+ Програмата.

Ваков вид на конференции Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе организира и следната година но истите ќе бидат наменети за различни таргет групи.

По завршување на конференцијата наставниците беа обучени да креираат свои Европас профили и истото треба да го пренесат на нивните колеги во нивните училишта и на учениците.

12.2022 - Презентација во БАС - Битола

Презентација на Европас платформа пред студенти од БАС – Битола

Европас амбасадорот Кристијан Саламовски пред 34 студенти од „Бизнис академија Смилевски“ – Битола презентираше за можностите кои ги нуди Европас платформата.

14.11.2022 Европас онлајн работилница

Европас онлајн работилница: Развивање на меки вештини

Одржавме Европас онлајн работилница, каде заедно со нашите Европас амбасадори, учениците од средните стручни училишта работеа на развивање на нивните меки вештини.

Онлајн работилницата се одвиваше во два дела: теоретски и практичен. По теоретскиот дел, учесниците беа поделени во две групи каде заедно со амбасадорите правеа Европас профили и поставуваа прашања.

europass

Презентација за ецропските образовни мрежи Европас и еТвининг и за Еразмус плус програмата

По повод Еразмус деновите 2022,  на 14.10.2022 година се одржа презентација во ЈОУДГ Срничка- Скопје. Оваа презентација се одржа пред вработени лица (воспитувачки и негувателки) од ЈОУДГ Срничка.

На присутните им се објасни Еразмус плус програмата наменета за училишно образование, Еврoпас мрежата и еТвининг мрежата. 

Во однос на презентациите се објасни подетално за приоритетите во Еразмус плус програмата, какви можности иста нуди за градинки, за клучните акции, процесот на аплицирање, процесот на оценување на апликации, рокови за аплицирање, други добри пракси од градинките, отварање на оид број и др.

Исто така им се напоменаа и еТвининг мрежата, од отворање на профил на платформата па се до реализација на еден проект, пронаоѓање на партнери и учество на други проекти креирани од други градинки во еТвининг порталот.

На крајот се разговарше и за Европас и какви се можности нуди платформата.

Кариерен ден организиран од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот Св. Климент Охридски- Битола и промоциј

Кариерен ден организиран од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и промоција на Европас

Со цел студентите и младите лица да се стекнат со квалификации кои ќе им овозможат кариерен развој и добивање на  прва работна позиција, Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот  „Св. Климент Охридски“- Битола во соработка со WUS Германија организираа Кариерен ден, на кој студентите и младите лица  се запознаа со начините како да се почне во градењето на својата кариера.

Настанот се реализира преку програмата Career Transition Support Macedonia.

#Europass амбасадорот Кристијан Саламовски ја имаше можноста пред учесниците на настанот да ја презентира мрежата и можностите кои ги нуди.

Европас амбасадорката Мартина Јачевска организираше онлајн презентација

Европас амбасадорката Мартина Јачевска организираше онлајн презентација

Нашата амбасадорка Мартина Јачевска организираше онлајн презентација за #Europass платформата.

На онлајн презентацијата учествуваа студенти и средношколци, како и членови на младински организации.

Учесниците беа запознаени со тоа како се креира профил, како изгледа профилот, како се уредува профилот, како се креира кратка биографија и мотивационо писмо, споделување на профил и останатите можности кои ги нуди самата мрежа.

Потпишан Договор за соработка со Центарот за стручно образование и обука

Потпишан Договор за соработка со Центарот за стручно образование и обука

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за стручно образование и обука денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка е по иницијатива на двете институции и ќе овозможи интензивна соработка, координација и ефективен институционален дијалог.

Во периодот кој следи НА и ЦСОО ќе формираат работна група и активно ќе работат на подготовка на документот, додаток на сертификат Европас.

✔️Креираме можности со цел да се подигне квалитетот на образованието и обуката, различните можности, и сето тоа со посебен акцент на средното стручно образование.

Започнаа со работа новите ЕвропасЕврогајденс амбасадори

Започнаа со работа новите Европас/Еврогајденс амбасадори

Во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска за првпат беа официјално потпишани договори со амбасадорите за Европас и Еврогајденс мрежите во рамки на Еразмус+ програмата.  

Директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски и тимот кој работи на развој на двете мрежи, им посакаа успешна работа.

Европас и Еврогајденс амбасадорите се лица задолжени за развој и промоција на овие две мрежи.

Asset-291

Креирајте го вашето Europass CV

Најпознатиот формат на CV во Европа

Europass CV-то е едно од најпознатите формати на CV во Европа. Тоa е леснo за употреба и познатo за работодавците и образовните институции.

Првин ќе треба да го креирате вашиот Europass профил со информации за вашето образование, обука, работно искуство и вештини. Откако ќе го пополните вашиот Europass профил, можете да креирате колку што сакате Cv-а со само неколку кликања. Селектирајте ги информациите кои би сакале да бидат вклучени, изберете го вашиот омилен дизајн а Europass ќе се погрижи за останатото. 

Можете да креирате, чувате и споделувате CV-а на 30 јазици. Можете да го преземете вашето Europass CV, чувајте го во вашата Europass библиотека, споделете го со работодавците, со EURES или со други сајтови за работа.

Како да креирате добро CV

Запомнете дека вашето CV е прва можност да разговарате со вашиот потенцијален работодавач за своите вештини и искуства. Тоа e слика од тоа кои сте вие, на вашите вештини, на вашето образование, работно искуство и други достигнувања.

Претставете го јасно вашето искуство

Потенцирајте примери за вашите вештини и искуства кои одговараат на работата за која аплицирате. Обрнете внимание на деталите објавени во огласот за слободни работни места.

Направете го вашето CV

Уверете се, дека сте го ажурирале делот „За мене“ за да потенцирате зошто сте најдобрата личност за таа работа. Не вклучувајте целосна детална историја. Фокусирајте се на факти и главни точки коишто би се усогласиле со работата што ви е на ум.

Направете го читливо

Уверете се, дека вашето CV е лесно за читање. Користете јасен и едноставен јазик. Користете јаки глаголи (на пр., ‘управувани’, ‘развиени’, ‘зголемени’).

Користете обратен хронолошки редослед

Секогаш наведете го најскорото искуство прво, а потоа претходните. Во случај на подолги празнини при работењето или учењето, вклучете објаснување.

Подобрете и прилагодете

Проверете дали има правописни и граматички грешки, обезбедете професионална е-пошта и додајте професионална фотографија од себе.

Вашиот Europass профил

Вашиот профил на Europass е местото за евиденција на сите ваши вештини, квалификации и искуства. Ако го чувате ажуриран вашиот Europass профил, тогаш вие во секое време ќе ги имате сите потребни информации за побрзо да креирате прилагодени CV-а и апликации за работа.

Среќно со вашите апликации!

217589528_4411948238856913_8977027100508998335_n

Креирајте го вашиот Europass профил

Можете создадете бесплатен профил со Europass, на сите ваши вештини, квалификации и искуства на една безбедна, онлајн локација.   

Можете да ги снимите сите ваши искуства од работа, образование и обуки, јазични вештинидигитални вештини, информации за вашите проекти, волонтерски искуства, и сите достигнувања што се важни за вас. Вие исто така може да ги чувате вашите дипломи, писма за препорака или други документи што ги опишуваат вашите достигнувања во вашата персонална Europass библиотека.

Mожете да креирате профил на едeн или на повеќе европски јазици.

Како да го употербувате вашиот Europass профил?

Вашиот Europass профил ве поврзува со следниот чекор во вашата кариера.   

  • Користете го вашиот Europass профил за да се рефлектира на вашите интереси и цели во кариерата.   
  • Користете го вашиот Europass профил за да го следите вашиот развој и за да ги покажете вашите достигнувања на вашиот работодавец.
  • Добијте предлози за интересни работни места и курсеви што се релевантни за вашиот профил.
  • Споделете го вашиот профил со работодавци и регрутери за нови можности за работа.
  • Споделете го вашиот профил со образовни институции за нови курсеви и можности за обука.
  • Споделете го вашиот профил со советниците за насочување за да добиете совети за кариерата.
  • Подгответе апликации. Водете евиденција за сите ваши апликации и подгответе кратки биографии и мотивациски писма.
folder

Вашиот Europass профил е лично досие на вашите достигнувања. Со постојаното ажурирање и додавање на вашиот профил, вие секогаш ќе имате достапна ажурирана слика за сите ваши вештини.

Сите ваши лични информации на вашиот Europass профил се безбедни и вие сте единствената личност која може да пристапи до овие информации и да ги споделува со останатите.

Започнете

Регистрирајте се денес креирајте го вашиот Europass профил. Услугата е обезбедена од ЕУ и таа е бесплатна – без скриени трошоци, без премиум услуги, без претплата.