Слика моја библиотека 1

Како да ги додадете сите ваши сертификати и достигнувања во концизно Европас CV?

Кога се пишува CV, многу е важно тоа да биде кратко и концизно. Како да ги прикачиме сите наши сертификати, достигнувања и дипломи, без да го оптовариме обемот на CV-то. Токму тоа ви го овозможува Европас форматот и ја прави оваа платформа уникатна.

Европас платформата, креирана од Европската комисија, го олеснува пишувањето на CV-то и овозможува да ги вклопите сите ваши достигнувања, за подобро да се претставите себеси каде што аплицирате. Ако досега сте користеле било кој друг формат на CV, знаете дека ова е невозможно, бидејќи CV-то ќе се зголеми во обем на страни и во големина на фајлот. Европас CV-то е оптимизирана алатка, која што ви нуди неограничени можности за прикачување на фајлови во различен формат. Прифаќа скенирани документи (jpg, png, pdf формат), линкови од ваши профили на останати профил. Сето тоа во една оптимизирана големина и user friendly format.

Со Европас, може да се прикажат вашите квалификации, вештини и работно искуство и е многу корисна алатка при барање на нови можности за работа или аплицирање за студирање на универзитет во странство преку Еразмус+ програмата.

Кога изработувате CV на платформата Европас, потребно е да биде кратко и концизно и да биде една до две страни. Важно е да се напише целото работно искуство и образование, како и да се прикачат сертификати од учество на Еразмус+ проекти, сертификати од јазични курсеви и остнати проекти или презентации. 

Прикачените фотографии од сертификати во вашето CV се доказ за вашата посветеност кон учењето и личниот развој и дава една јасна слика за вашето искуство. Со прикачување на фотографии од вашите достигнувања, работодавачите и академските институции можат да го забележат вашето искуство и мотивација кон вашиот личен развој на еден прегледен и визуелен начин. Европас платформата има значајна предност при аплицирање за работа или аплицирање за студирање на универзитети во странство преку програмата Еразмус+, поради стандардизираниот формат. Со користењето на оваа стандардизирана платформа, имате шанса да се извдоите од останатите апликанти.

Исто така, опцијата за Моја библиотека (My Library) во Европас профилот, овозможува прикачување на сертификати, вклучувајќи го и високо ценетиот Youthpass сертификат, кој се добива при учество во Еразмус+ проекти. Тие се чуваат во вашиот профил и може да одберете дали да ги споделите на вашиот профил, во зависност од тоа каде аплицирате.

Со редовно ажурирање на вашиот Европас профил, веднаш откако ќе стекнете нови вештини и сертификати, можете да одржувате ажурирана евиденција за вашите достигнувања. Тоа го прикажува вашиот континуиран развој. Со користење на Европас платформата, ја подобрувате вашата апликација и оставате силен впечаток на местото каде што аплицирате и ги зголемувате вашите шанси за успех на високо конкурентниот пазар на труд.

Кристијан Саламовски
Европас амбасадор во Национална агенција за европски образовни програми и мобилност