bas_1

Одржана презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски

На 22.02.2023 година се одржа презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски.

Оваа презентација беше наменета за студентите на Бизнис Академија Смилевски на кои им беше презентирано како да направат свои Европас профили, што да внесат во секое поле поединечно во профилите.

Исто така им се презентираше и како да направат кратка биографија, што треба да внесат во секое поле и како понатаму да ја користат истата кај нас и во ЕУ.

Воедно стана збор и за двофакторска идентификација на профилите и што треба да направат за да ја применуваат истата.

По завршување на Европас презентацијата се презентираше и Еврогајденс мрежата и какви се можности нуди истата за студентите.

Исто така се напоменаа и другите образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност а се наменети за млади лица како и Икарес веб страната и какви можности нуди истата.

kristijan-salamovski-mozhnosti-i-veshtini

Можности и перспективи што ги нуди Europass во Европската година на вештини

Europass статија

Европската комисија ја прогласи 2023 година за „Европска година на вештини за отпорно и иновативно општество“. Оваа иницијатива е насочена кон зголемување на свеста за важноста на вештините, поддршка на поединците во развојот на нивните вештини и поттикнување на работодавците да инвестираат во развојот на своите вработени, и претставува признание за големата важност на вештините кај младите и потребата за нивен развој.

Europass е платформа креирана од страна на Европската Комисија, со која на лесен начин може да се креира профил и да се прикажат различни индивидуални вештини. Europass платформата е стандардизирана и меѓународно призната, а функционира и на македонски јазик.

Во контекст на зајакнување на вештините, Europass платформата има исклучително значење, бидејќи овозможува да се претстави профилот на јасен. модерен и концизен начин, што им олеснува на работодавците, образовните институции и другите организации прегледно да ги прочитаат и да ги проценат вештините и квалификациите.

Ова е особено важно за младите луѓе, бидејќи кај нив недостасува работно искуство и може да им биде тешко да се истакнат на конкурентниот пазар на труд. Со супер-можностите на Europass, тие можат да ги презентираат своите вештини, квалификации и искуства во стандардизиран формат, зголемувајќи ги нивните шанси да бидат забележани од потенцијалните работодавци. Europass претставува своевидно признание за важноста на вештините и поддршка на поединците во развојот на нивните вештини и кариери,

Дел од алатките кои се достапни на Europass платформата се : Europass профил (CV), мотивационо писмо (cover letter), Европска квалификациска рамка (European Qualifications Framework) и други.

Europass CV-то е стандардизирана форма на биографија во форма на профил, што овозможува јасен начин да се презентираат своите вештини, квалификации и искуства. CV-то може да се пишува на повеќе јазици. На пример, може да има една верзија на македонски јазик и една верзија на англиски јазик. Откако ќе се пополни Europass профилот, може да се сподели со генерирање на линк (врска) или со генерирање на pdf фајл. Споделувањето со врска е прегледно и може лесно да се споделува во порака или е-мејл.

Europass мотивационото писмо е образец со кој што секој може да себеси на личен и концизен начин, истакнувајќи ги нивните клучни вештини, искуства и квалификации релевантни за позицијата за која аплицираат. Вклучува делови за лични информации,

позицијата за која се аплицира и релевантните искуства, достигнувања и компетенции на поединецот.

Исто така, мотивационото писмо обезбедува простор за поединците да објаснат зошто се заинтересирани за позицијата, што можат да донесат во улогата и што се надеваат да постигнат во нивната идна кариера.

Користењето на мотивационото писмо од Europass може да ги издвои поединците од другите апликанти и да ја покажат својата посветеност за позицијата за која аплицираат. Работодавците добиваат сеопфатен преглед на вештините, искуствата и квалификациите на поединецот, помагајќи им брзо да ја проценат соодветноста на кандидатот за таа улога.

Европската рамка на квалификации обезбедува заедничка референтна рамка за класификација и споредба на квалификациите и резултатите во образованието во Европа.

EQF е структуриран систем на нивоа, од прво до осмо ниво, кој што обезбедува транспарентен и конзистентен начин на споредување на квалификациите и резултатите од учењето од различни земји и образовни системи. Во овие нивоа има средно образование, додипломски студии, магистерски студии и докторски студии
Нивоата на EQF се засноваат на знаењата, вештините и компетенциите потребни за одредена квалификација и обезбедуваат заедничка референца за работодавците, образовните институции и другите организации да ја разберат и проценат вредноста на одредена квалификација.

Со користење на EQF, поединците можат да се погрижат нивните квалификации да се препознаат и вреднуваат низ Европската унија, што им го олеснува остварувањето на нивните цели за образование и кариера. EQF е исто така корисен за работодавците и образовните институции, бидејќи обезбедува заедничка референца за споредба и препознавање на квалификациите, што го олеснува оценувањето на вештините и квалификациите на потенцијалните вработени или студенти.

Поради сите овие придобивки од користењето на Europass платформата во смисла на зајакнување на стручните вештини и квалификации, во соработка со Националните агенции се спроведуваат низа активности за нејзино промовирање и интензивирање на користењето од страна на што е можно поголем број учесници.

Со користење на Europass, младите можат значително да ги зголемат своите шанси за успех на пазарот на труд и да се подготват за успешна кариера. Со оглед на тоа што пазарот на труд станува сè поконкурентен, за младите е поважно од кога било да ги искористат сите ресурси и алатки кои им се достапни, а Europass е корисна алатка која што може да им помогне да го постигнат тоа.

23.12.2022 - Европас можностите презентирани во Пробиштип

Европас можностите презентирани во Пробиштип

Настанот беше реализиран во соработка со училиштето, и на иститот присуствуваа 12 ученици/ученички од четврта година во училиштето.

Тој започна со претставување на Европас амбасадорката, информирање на присутните накратко со работата на Националната агенција за образовни можности и програми. Учесниците потоа беа запознаени со платформата и алатките кои таа ги нуди. 

Преку проектирање и споделување беа презентирани чекорите за креирање и уредување на профилот, чекорите за креирање на кратка биографија и мотивационо писмо, споделување на профил и сл.

6.12.2022 - Будимпешта

Европас посета на работа на лице место во Европас центарот во Будимшепта, Унгарија

Во периодот од 04.12.2022 година до 06.12.2022 година се одржа посета на работа на лице место во Европас центарот во Будимпешта, Унгарија. Претставници од Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа на посетата во Европас центарот. На посетата се разговараше за добри пракси и примери од двата Европас центри, издавање на документите на Европас, видливоста на Европас мрежата како и останати работи со Европас платформата.

Исто така се разговараше за заеднички активности како и за можна идна заедничка соработка.

sl6

Европас посета на работа на лице место во Фондација, Темпус- Белград, Србија

Во периодот од 07.09.2022 до 09.09.2022 година претставници од Европас центарот беа на посета во Фонацијата Темпус- Белград, Србија.

Оваа посета се одржа за споделување на добри практитки и примери помеѓу двата Европас центри. Во текот на првиот ден се разговарше за европската образовна мрежа Европас и за работата на двата центри. 

Стана збор и за издавање на Европас документите како и за законските одредби кои се однесуваат на Европас платформата, за видливоста и за организирањето на различен вид на настани со различни таргет групи.

Вториот ден се разговараше за европската образовна мрежа Еврогајденс и какви се можности и повлности нуди истата. Беа дадени конкретни примери со статистики од двата Еврогајденс центри и беше презентирано какво е кариерното советување во двете земји во делот на образование, вработување и деца и лица со попреченост.

На крајот на оваа посета се отвори можност со идеи за заедничка идна соработка.

evropass

ЕВРОПАС КОНФЕРЕНЦИЈА

Во периодот од 18.12.2022 година до 20.12.2022 година се одржа Европас конференција во х. Инекс Олгица- Охрид. Оваа конференција е во согласност со тригодишната програма за европската образовна мрежа Европас. Истата беше наменета за наставници од гимназии ширум државата. Конференцијата траеше два дена. На конференцијата наставниците имаа можност да се запознаат со Европската образовна мрежа Европас и какви се поволности и можности нуди истата за нив.

Во текот на конференцијата секој наставник креираше свој Европас профил, кратка биографија, мотивационо писмо и Европас мобилност документ.

Освен Европас мрежата кон крајот на конференцијата беа напоменати и другите европски образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а се наменети за наставниците од гимназиите како и Еразмус+ Програмата.

Ваков вид на конференции Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе организира и следната година но истите ќе бидат наменети за различни таргет групи.

По завршување на конференцијата наставниците беа обучени да креираат свои Европас профили и истото треба да го пренесат на нивните колеги во нивните училишта и на учениците.

12.2022 - Презентација во БАС - Битола

Презентација на Европас платформа пред студенти од БАС – Битола

Европас амбасадорот Кристијан Саламовски пред 34 студенти од „Бизнис академија Смилевски“ – Битола презентираше за можностите кои ги нуди Европас платформата.

14.11.2022 Европас онлајн работилница

Европас онлајн работилница: Развивање на меки вештини

Одржавме Европас онлајн работилница, каде заедно со нашите Европас амбасадори, учениците од средните стручни училишта работеа на развивање на нивните меки вештини.

Онлајн работилницата се одвиваше во два дела: теоретски и практичен. По теоретскиот дел, учесниците беа поделени во две групи каде заедно со амбасадорите правеа Европас профили и поставуваа прашања.

europass

Презентација за ецропските образовни мрежи Европас и еТвининг и за Еразмус плус програмата

По повод Еразмус деновите 2022,  на 14.10.2022 година се одржа презентација во ЈОУДГ Срничка- Скопје. Оваа презентација се одржа пред вработени лица (воспитувачки и негувателки) од ЈОУДГ Срничка.

На присутните им се објасни Еразмус плус програмата наменета за училишно образование, Еврoпас мрежата и еТвининг мрежата. 

Во однос на презентациите се објасни подетално за приоритетите во Еразмус плус програмата, какви можности иста нуди за градинки, за клучните акции, процесот на аплицирање, процесот на оценување на апликации, рокови за аплицирање, други добри пракси од градинките, отварање на оид број и др.

Исто така им се напоменаа и еТвининг мрежата, од отворање на профил на платформата па се до реализација на еден проект, пронаоѓање на партнери и учество на други проекти креирани од други градинки во еТвининг порталот.

На крајот се разговарше и за Европас и какви се можности нуди платформата.

Кариерен ден организиран од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот Св. Климент Охридски- Битола и промоциј

Кариерен ден организиран од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и промоција на Европас

Со цел студентите и младите лица да се стекнат со квалификации кои ќе им овозможат кариерен развој и добивање на  прва работна позиција, Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот  „Св. Климент Охридски“- Битола во соработка со WUS Германија организираа Кариерен ден, на кој студентите и младите лица  се запознаа со начините како да се почне во градењето на својата кариера.

Настанот се реализира преку програмата Career Transition Support Macedonia.

#Europass амбасадорот Кристијан Саламовски ја имаше можноста пред учесниците на настанот да ја презентира мрежата и можностите кои ги нуди.