По повод Еразмус деновите и Европската година на вештини, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа вебинар на тема: „Меки вештини за подобра вработливост – Европски мрежи Европас и ЕПАЛЕ“
Вебинарот се одржа на платформата ZOOM на 12.10.2023 година со почеток од 11:00. На вебинарот присуствуваа многу лица од различни профили.
На овој вебинар се објаснија Европас платформата, Епале Платформата и каква поврзаност имаат Меките вештини за подобра вработиливост.
На крајот на вебинарот се појаснија какви се можности и бенефити нудат овие платформи за лицата.
На 21.09 беше одржана интерактивна презентација за Europass платформата во рамките на настанот Europe Mobility Week организиран во Студентски информативен центар при УКЛО Битола. Учесници беа студенти, средношколци, спортски клубови.
Бидејќи настанот беше дел од European Mobility Week, акцентот беше ставен на можностите што ги нуди Европас, при реализацијата на мобилностите на младите луѓе.
Исто така, овој месец беа реализирани и on-demand индивидуални консултации во врска со практична изработка и употреба на Europass CV. Кристијан Саламовски, студент на Ветеринарна медицина на УКЛО Битола Европас амбасадор
На 15.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг во Биро за развој на образование. На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас, Еврогајденс и еТвининг центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и директорот и вработени лица од Биро за развој на образование.
На овој состанок се разговараше за трите образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и за продолжување и продлабочување на соработката со Биро за развој на образование.
На крајот на состанокот се напоменаа и активностите кои се планирани во новите програми на мрежите и во кои и претставници од Бирото за развој на образовние ќе присуствуваат и се закажа нова работна средба за следната недела со наставниците и со советниците од БРО кои работат на наставните програми.
На 14.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во Центарот за стручно образование и обука. На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас и Еврогајденс центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за стручно образование и обука.
Состанокот се одржа согласно временската рамка за документот Европас додоаток на сертификат кој се изработува во соработка со Центарот за стручно образование и обука.
Освен овој документ се напомена и Еврогајденс мрежата и какви активности и можности нуди истата а се наменти за Центарот за стручно образование и обука.
На 12.09.2023 година се одржа Работен состанок за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во Центарот за образование нa возрасни.
На овој состанок присуствуваа вработени лица од Европас и Еврогајденс центрите при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за образование на возрасни.
Се одржаа кратки презентации за мрежите Европас и Еврогајденс, нивните цели и приоритети. Исто така се зборуваше и за Националната мрежа Еврогајденс и како Центарот за образование со возрасни да се вклучи во истата.
На крајот на состанокот се напоменаа активностите кои се планирани од Европас и Еврогајденс за следната работна програма и во кои се вклучени и Центарот за образование со возрасни.
Кога се пишува CV, многу е важно тоа да биде кратко и концизно. Како да ги прикачиме сите наши сертификати, достигнувања и дипломи, без да го оптовариме обемот на CV-то. Токму тоа ви го овозможува Европас форматот и ја прави оваа платформа уникатна.
Европас платформата, креирана од Европската комисија, го олеснува пишувањето на CV-то и овозможува да ги вклопите сите ваши достигнувања, за подобро да се претставите себеси каде што аплицирате. Ако досега сте користеле било кој друг формат на CV, знаете дека ова е невозможно, бидејќи CV-то ќе се зголеми во обем на страни и во големина на фајлот. Европас CV-то е оптимизирана алатка, која што ви нуди неограничени можности за прикачување на фајлови во различен формат. Прифаќа скенирани документи (jpg, png, pdf формат), линкови од ваши профили на останати профил. Сето тоа во една оптимизирана големина и user friendly format.
Со Европас, може да се прикажат вашите квалификации, вештини и работно искуство и е многу корисна алатка при барање на нови можности за работа или аплицирање за студирање на универзитет во странство преку Еразмус+ програмата.
Кога изработувате CV на платформата Европас, потребно е да биде кратко и концизно и да биде една до две страни. Важно е да се напише целото работно искуство и образование, како и да се прикачат сертификати од учество на Еразмус+ проекти, сертификати од јазични курсеви и остнати проекти или презентации.
Прикачените фотографии од сертификати во вашето CV се доказ за вашата посветеност кон учењето и личниот развој и дава една јасна слика за вашето искуство. Со прикачување на фотографии од вашите достигнувања, работодавачите и академските институции можат да го забележат вашето искуство и мотивација кон вашиот личен развој на еден прегледен и визуелен начин. Европас платформата има значајна предност при аплицирање за работа или аплицирање за студирање на универзитети во странство преку програмата Еразмус+, поради стандардизираниот формат. Со користењето на оваа стандардизирана платформа, имате шанса да се извдоите од останатите апликанти.
Исто така, опцијата за Моја библиотека (My Library) во Европас профилот, овозможува прикачување на сертификати, вклучувајќи го и високо ценетиот Youthpass сертификат, кој се добива при учество во Еразмус+ проекти. Тие се чуваат во вашиот профил и може да одберете дали да ги споделите на вашиот профил, во зависност од тоа каде аплицирате.
Со редовно ажурирање на вашиот Европас профил, веднаш откако ќе стекнете нови вештини и сертификати, можете да одржувате ажурирана евиденција за вашите достигнувања. Тоа го прикажува вашиот континуиран развој. Со користење на Европас платформата, ја подобрувате вашата апликација и оставате силен впечаток на местото каде што аплицирате и ги зголемувате вашите шанси за успех на високо конкурентниот пазар на труд.
Кристијан Саламовски Европас амбасадор во Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
На 15 и 16 јуни 2023 година во Варшава, Полска се одржа третото издание на Форумот за стручно образование – годишна конференција организирана од Фондацијата за развој на образовниот систем, Европас & Еврогајденс Полска и полскиот тим на експерти за стручно образование и обука.
Овогодинешната тема беше „Предизвиците и перспективите на дигиталното образование наспроти барањата на пазарот на трудот“.
Програмата опфати клучни прашања поврзани со ефективно планирање на кариерата во ерата на дигиталното образование.
На покана на полските колеги, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација, каде беа разгледани можностите за синергија на програмите Европас и Еврогајденс во работата на кариерното советување/насочување.
Исто така, двете земји разменија добри практики, со што уште еднаш се докажа добрата соработка помеѓу полскатата и македонската Национална Агенција.
Европас центарот организираше онлајн презентација за новите добитници на програмата Еразмус+ за Европас мобилност документот со наслов „ Европас мобилност документ – Вовед за акредитација на стекнатите вештини“.
Оваа презентација беше одлична можност за нашите нови корисници да се запознаат со значењето и функцијата на Европас мобилност документот, како и начинот на негово здобивање.
Горди сме што Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја има можноста и алатките за европско акредитирање на здобиените вештини на младите луѓе, признаени во цела Европа
Уште само месец и неколку дена остануваат до летниот распуст за средношколците! Ова звучи возбудливо, но што ќе правите летово? Или пак на есен? Дали размислувате да аплицирате за летна работа, меѓународна младинска размена или обука, или пак сте во процес на избор на студии и кариера? Несомнено, што и од ова погоре да ви паѓа на памет голем дел од работодавачите, организаторите на размени и обуки, образовните институции, ќе ви побараат кратка биографија за да знаат зошто баш вам би ве одбрале да бидете дел од некоја привлечна летна програма или атрактивно работно место.
Ако се прашувавте дали вашето искуство како средношколци/средношколки е доволно за креирање на кратка биографија (CV) која ќе ве однесе чекор поблиску до остварувањето на вашите соништа, тогаш оваа статија е токму за вас!
Што е кратка биографија?
Голем дел од вас кои го читате ова со сигурност веќе знаете што е кратка биографија или CV. Но, да повториме. CV (кратка биографија) доаѓа од латинското Curriculum vitae што во буквален превод би значело „животен тек“. Кратка биографија е пишан документ кој содржи информации за вештините, искуството, образованието и личните постигнувања. Кратката биографија не е само за возрасни (како што можеби повеќето од вас мислат) кои аплицираат за некое работно место. Средношколците исто така имаат потреба од кратка биографија кога аплицираат за различни можности достапни за нив.
Што (може да) содржи кратката биографија на еден/една средношколец/средношколка?
Основни информации – Ова поле вообичаено вклучува лични информации (Фотографија (изберете фотографија на која е целосно видливо вашето лице, во пристојна облека), име и презиме, датум на раѓање, пол, националност) контакт информации (адреса, телефонски број, електронска пошта, профили на социјалните медиуми (доколку сметате дека тоа е соодветно, јас би ви препорачала доколку имате LinkedIn дефинитивно додадете го))
Кратка изјава – Неколку реченици кои опишуваат кои се вашите уникатни вештини, постигнувања и што се надевате да постигенете. (пр. Мотивирана средношколка со развиени комуникациски вештини кои би сакала да ги унапредам преку вклучување на обуки за меки вештини.)
Образование – Во ова поле се внесува името на квалификацијата со која се стекнувате, името на училиштето, адреса на училиштето, веб страна (доколку има), од кога сте започнале со образованието (доколку сѐ уште сте во средно училиште, вториот дел во полето ДО означете го со тековно). Би било супер доколку додадете повеќе детали како поле на учење (пр. математичка гимназија, машински техничар и сл.), просечен успех (оценка) и додајте опис за предметите кои сте ги изучувале)
Работно искуство – Внесете било какво работно искуство што го имате (пр. летна работа во кафетерија). Ако имате ограничено работно искуство внесете искуство како грижа за возрасни лица, грижа за деца на роднини или пријатели на неколку часа дневно, помош при набавка на намирници за повозрасните членови од вашето семејство и сл. Било какво искуство кое ќе го прикажете покажува мотивација и одговорност.
Волонтерски и воннаставни активности – Независно од тоа за која намена ќе ја искористите вашата кратка биографија, додадете волонтерски и воннаставни активности во кои имате учествувано. Овие активности укажуваат на вашата посветеност и желба за личен раст и развој. Организацијата на време и подготвеноста да се преземе одговорност со сигурност ќе ве истакнат помеѓу останатите апликанти. Во делот со информации за волонтерство внесете исти податоци како кај работното искуство (организација/институција каде сте волонтирале, период или број на часови, одговорности кои сте ги имале и сл.)
Награди или пофалници – Слободно пофалете се дека ве имаат пофалено! Кратката биографија е вистинското место за ова. Додадете било какви награди кои ги имате освоено како дел од тим или индивидуално за време на вашето образование.
Лидерско искуство – Доколку сте претседател/ка на вашиот клас или на средношколската заедница споделете го тоа! Споделете за вашата комуникација при оваа улога со учениците и професорите и со други партнери со кои комуницирате. Сте биле вклучени во организација на настан во рамки на училиштето? Споделете и за тоа, наведете кои биле вашите обврски и задачи.
Вештини – Наведете ги сите вештини кои ги поседувате и напоменете како сте ги стекнале, низ каков процес/настан/искуство. (пр. Справување со предизвици стекнато преку директно вклучување за решавање на предизвик каде соучениците од мојот клас при донесување на одлука за дестинација за годишна екскурзија имаа спротиставени мислења. Во процесот на мој предлог беа сослушани сите мислења и по пат на гласање да се одлучи за дестинацијата.)
Каде да ги стекнеме овие искуства?
Погоре видовме што сѐ можете да внесете како искуство, но дали знаете каде може да се стекнете со овие искуства и вештини како средношколец/средношколка? Со вас споделуваме неколку идеи:
Волонтирајте во една или повеќе локални/национални организации – Во речиси секое место постојат организации кои се залагаат за различни вредности. Најлесниот начин да ги побарате е преку пребарување на Google или пак да се распрашате, некој околу вас сигурно слушнал за организација која организира кул настани во вашата заедница. Одберете ја онаа чии вредности се слични или исти на вашите и помогнете им! Речиси секоја организација има потреба од дополнителна помош, а вие дефинитивно ќе се стекнете со различни искуства и ќе развиете вештини кои подоцна ќе можете да ги внесете во вашата кратка биографија!
Учествувајте на проект во земјата или во странство – Иако можеби за апликацијата ќе ви биде потребна кратка биографија кај некои организации, сепак постојат и такви на чии размени или обуки можете да се пријавите само со пополнување на формулар. Предизвикајте се себеси со тоа што ќе се пријавите за вакво искуство каде дефинитивно ќе се стекнете со нови вештини, знаења и искуства кои ќе бидат вредни за раскажување и ќе ви послужат за следното место на кое ќе аплицирате.
Еразмус + младински размени или обуки можете да најдете на следниов ЛИНК (за тоа како да препознаете квалитетна организација и проект ќе зборуваме во некоја од следните статии)
Европски Солидарен Корпус – сите можности кои ги нудат можете да ги најдете ТУКА.
Учествувајте на работилници/обуки од различни теми – Постојано се достапни голем број на различни обуки и работилници кои се наменети за средношколци! Ваше е само да истражите! Учеството во работилница за меки вештини или обука за претприемништво може значително да ви ги прошири видиците и да придонесе за унапредување на вашите вештини. Разгледајте тековни можности ТУКА
Секако, сите овие можности покрај учење ќе ви донесат и многу нови пријателства, дружба и социјализација!
Како да го употребите стекнатото искуство за кратка биографија?
Поврзете го вашето искуство и вештини со барањата на повикот/огласот за кој аплицирате – разгледајте кои се вештините и знаењата кои се бараат за соодветната позиција или улога, размислете кои од нив ги поседувате, како сте ги стекнале и нагласете ги во вашата кратка биографија.
Креирајте Европас профил – На Европас веб страната креирајте го својот профил каде во едноставен шаблон ќе можете да ги внесете сите погоре споменати информации и искуства и лесно да генерирате кратка биографија. Прочитајте повеќе за можностите кои ги нуди Европас ТУКА.
За што може да ви послужи кратката биографија?
Има голем број на намени за кои на вас како средношколци може да ви послужи креирањето на кратка биографија. Еве неколку примери:
запишување на факултет
аплицирање за стипендија
практиканство
вработување
аплицирање за учество на меѓународни или национални/локални обуки и настани
Како средношколци/средношколки вашата кратка биографија е во ред да биде само една страна. Кратката биографија треба да биде кратка и јасна. Сепак, треба да ве одвојува од останатите апликации!
Се надеваме дека најовте корисни информации во овој текст кои ќе ви помогнат да креирате број еден кратка биографија. Доколку сѐ уште имате прашања или сакаш да дознаеш повеќе слободно контактирајте нѐ на info@na.org.mk
На 10.05.2023 година се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Meѓународен Универзитет Визиони- Гостивар.
Презентациите беа одржани на македонски и на турски јазик, поради тоа што имаше и многу присутни студенти од Турција.
Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој Европас профил и што да напишат во секое поле поединечно на самата платформа.
По завршувањето на презентациите збор земаа Ректорот на Meѓународен Универзитет Визиони- Гостивар, како и координаторот за меѓународна соработка на универзитетот.
Исто така се презентираше и Европскиот младински портал и какви можности нуди истиот за млади лица како и веб страната Икарес , која е холандска веб страна и е наменета за сите универзитети и за сите студенти.
Во овој беше препорачано од наша страна самите студенти да си направат свои Европас профили и профили на Икарес веб страната.
Следно се презентираше и европската образовни мрежа Еврогајденс коа е наменета за кариерно советување и насочување. Во овој се презентираше нашата работа како Еврогајденс центар и работата на Еврогајденс амбасадорите, како и какви се можности нуди мрежата за унверзитетите. Исто така на претставниците од Центарот за кариера им беше препорачано да се вклучат во Националната Еврогајденс мрежа.
На крајот на презентациите студентите имаа можност да поставуваат прашања во врска со платформата и со другите мрежи. Се разви дискусија и на сите прашања им беше одговорено.