Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за стручно образование и обука денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка е по иницијатива на двете институции и ќе овозможи интензивна соработка, координација и ефективен институционален дијалог.
Во периодот кој следи НА и ЦСОО ќе формираат работна група и активно ќе работат на подготовка на документот, додаток на сертификат Европас.
Креираме можности со цел да се подигне квалитетот на образованието и обуката, различните можности, и сето тоа со посебен акцент на средното стручно образование.
Add a Comment