Со цел студентите и младите лица да се стекнат со квалификации кои ќе им овозможат кариерен развој и добивање на прва работна позиција, Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во соработка со WUS Германија организираа Кариерен ден, на кој студентите и младите лица се запознаа со начините како да се почне во градењето на својата кариера.
Настанот се реализира преку програмата Career Transition Support Macedonia.
#Europass амбасадорот Кристијан Саламовски ја имаше можноста пред учесниците на настанот да ја презентира мрежата и можностите кои ги нуди.
Add a Comment