да1

Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Државен универзитет- Тетово

На 29.03.2023 година се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Државен универзитет- Тетово.

 Учесници на овие презентации беа студенти од различни насоки од Државниот универзитет- Тетово како и вработени лица во Центарот за кариера.

Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој Европас профил и што да напишат во секое поле поединечно на самата платформа.

Исто така се напомена и за дво-факторска идентификација и мобилната апликација ЕУ лог ин како задолжителни начини за регистрирање на Европас платформата.

Во овој дел се презентираше и Европскиот младински портал и какви можности нуди истиот за млади лица како и веб страната Икарес , која е холандска веб страна и е наменета за сите универзитети и за сите студенти.

Во овој беше препорачано од наша страна самите студенти да си направат свои Европас профили и профили на Икарес веб страната.

На крајот се презентираше и европската образовни мрежа Еврогајденс коа е наменета за кариерно советување и насочување. Во овој се презентираше нашата работа како Еврогајденс центар и работата на Еврогајденс амбасадорите, како и какви се можности нуди мрежата за унверзитетите. Исто така на претставниците од Центарот за кариера им беше препорачано да се вклучат во Националната Еврогајденс мрежа.

Тагови: Нема тагови

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *