Можете создадете бесплатен профил со Europass, на сите ваши вештини, квалификации и искуства на една безбедна, онлајн локација.
Можете да ги снимите сите ваши искуства од работа, образование и обуки, јазични вештини, дигитални вештини, информации за вашите проекти, волонтерски искуства, и сите достигнувања што се важни за вас. Вие исто така може да ги чувате вашите дипломи, писма за препорака или други документи што ги опишуваат вашите достигнувања во вашата персонална Europass библиотека.
Mожете да креирате профил на едeн или на повеќе европски јазици.
Како да го употербувате вашиот Europass профил?
Вашиот Europass профил ве поврзува со следниот чекор во вашата кариера.
- Користете го вашиот Europass профил за да се рефлектира на вашите интереси и цели во кариерата.
- Користете го вашиот Europass профил за да го следите вашиот развој и за да ги покажете вашите достигнувања на вашиот работодавец.
- Добијте предлози за интересни работни места и курсеви што се релевантни за вашиот профил.
- Споделете го вашиот профил со работодавци и регрутери за нови можности за работа.
- Споделете го вашиот профил со образовни институции за нови курсеви и можности за обука.
- Споделете го вашиот профил со советниците за насочување за да добиете совети за кариерата.
- Подгответе апликации. Водете евиденција за сите ваши апликации и подгответе кратки биографии и мотивациски писма.
Вашиот Europass профил е лично досие на вашите достигнувања. Со постојаното ажурирање и додавање на вашиот профил, вие секогаш ќе имате достапна ажурирана слика за сите ваши вештини.
Сите ваши лични информации на вашиот Europass профил се безбедни и вие сте единствената личност која може да пристапи до овие информации и да ги споделува со останатите.
Започнете
Регистрирајте се денес креирајте го вашиот Europass профил. Услугата е обезбедена од ЕУ и таа е бесплатна – без скриени трошоци, без премиум услуги, без претплата.
Add a Comment