да1

Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Државен универзитет- Тетово

На 29.03.2023 година се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Државен универзитет- Тетово.

 Учесници на овие презентации беа студенти од различни насоки од Државниот универзитет- Тетово како и вработени лица во Центарот за кариера.

Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој Европас профил и што да напишат во секое поле поединечно на самата платформа.

Исто така се напомена и за дво-факторска идентификација и мобилната апликација ЕУ лог ин како задолжителни начини за регистрирање на Европас платформата.

Во овој дел се презентираше и Европскиот младински портал и какви можности нуди истиот за млади лица како и веб страната Икарес , која е холандска веб страна и е наменета за сите универзитети и за сите студенти.

Во овој беше препорачано од наша страна самите студенти да си направат свои Европас профили и профили на Икарес веб страната.

На крајот се презентираше и европската образовни мрежа Еврогајденс коа е наменета за кариерно советување и насочување. Во овој се презентираше нашата работа како Еврогајденс центар и работата на Еврогајденс амбасадорите, како и какви се можности нуди мрежата за унверзитетите. Исто така на претставниците од Центарот за кариера им беше препорачано да се вклучат во Националната Еврогајденс мрежа.

1европас

Презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот Еуропа Прима- Скопје.

На 09.03.2023 година се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот Еуропа Прима- Скопје.

 Учесници на овие презентации беа студенти од различни насоки на Универзитетот Еуропа Прима- Скопје.

Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој Европас профил и што да напишат во секое поле поединечно на самата платформа.

На крајот се презентираше и европската образовни мрежа Еврогајденс коа е наменета за кариерно советување и насочување. Во овој се презентираше нашата работа како Еврогајденс центар и работата на Еврогајденс амбасадорите, како и какви се можности нуди мрежата за унверзитетите и за самите студенти.

fon1

Презентациja за европската образовна мрежа Европас на Универзитетот АУЕ ФОН Скопје

На 13.03.2023 година се одржа презентациja за европската образовна мрежа Европас на Универзитетот АУЕ ФОН Скопје.

 Учесници на овие презентации беа студенти од различни насоки на Универзитетот АУЕ ФОН Скопје.

Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој Европас профил и што да напишат во секое поле поединечно на самата платформа.

Исто така се напомена и за дво-факторска идентификација и мобилната апликација ЕУ лог ин како задолжителни начини за регистрирање на Европас платформата.

Во овој дел се презентираше и Европскиот младински поратл и какви можности нуди истиот за млади лица како и веб страната Икарес , која е холандска веб страна и е наменета за сите универзитети и за сите студенти.

Во овој беше препорачано од наша страна самите студенти да си направат свои Европас профили и профили на Икарес веб страната.

20230227_161516

Северна Македонија и Бугарија разменија добри практики

За да го зајакнат своето партнерство и да споделат знаења и искуства, претставници од Бугарија и Северна Македонија се собраа на студиска посета во Софија. Фокусот на посетата беше за размена на добри практики во мрежите Европас и Еврогајденс, кои се две европски иницијативи кои имаат за цел да го поддржат развојот на кариерата на младите луѓе.

За време на посетата, претставниците од Северна Македонија посетија два центри за кариера на два државни универзитети во Софија, Универзитетот „Свети Климент Охридски“ и Универзитетот за национална и светска економија. Бугарските колеги од Европас и Еврогајденс презентираа добри практики од нивната земја. Дискусиите се фокусираа на тоа како подобро да се поддржат студентите и младите во нивниот кариерен развој и како да се подобри образованието во двете земји.

Студиската посета беше дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу двете национални агенции минатата година. Меморандумот има за цел да ја унапреди соработката и размената на информации меѓу двете земји во областа на европските програми и мрежи.

Студиската посета беше успешна со заклучок дека ќе доведе до поголема соработка и размена на добри практики меѓу Бугарија и Северна Македонија во иднина.