е1

Се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Евро колеџ – Куманово во просториите во Скопје

На 24.02.2023 година се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Евро колеџ- Куманово во просториите во Скопје.

Учесници на презентациите беа студенти од различни насоки од универзитетот Евро колеџ- Куманово.

Најпрво се презентираше Европас платформата и на учесниците им беше покажано како да направат свој профил и што да напишат во секое поле поединечно.

Исто така стана збор и за мобилната апликација ЕУ логин и дво-факторска идентификација.

Во овој дел се напомена и европски младински портал и какви се можности нуди истиот за млади лица и веб страната Икарес која е наменета за студенти и за универзитети и како студентите да си направат свои профили на оваа веб страна.

Потоа се презентираше и европската образовна мрежа Еврогајденс која е наменета за кариерно советување и насочување. Во овој дел стана збор за нашата работа како Еврогајденс центар и амбасадорите во Еврогајденс.

bas_1

Одржана презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски

На 22.02.2023 година се одржа презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски.

Оваа презентација беше наменета за студентите на Бизнис Академија Смилевски на кои им беше презентирано како да направат свои Европас профили, што да внесат во секое поле поединечно во профилите.

Исто така им се презентираше и како да направат кратка биографија, што треба да внесат во секое поле и како понатаму да ја користат истата кај нас и во ЕУ.

Воедно стана збор и за двофакторска идентификација на профилите и што треба да направат за да ја применуваат истата.

По завршување на Европас презентацијата се презентираше и Еврогајденс мрежата и какви се можности нуди истата за студентите.

Исто така се напоменаа и другите образовни мрежи со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност а се наменети за млади лица како и Икарес веб страната и какви можности нуди истата.

kristijan-salamovski-mozhnosti-i-veshtini

Можности и перспективи што ги нуди Europass во Европската година на вештини

Europass статија

Европската комисија ја прогласи 2023 година за „Европска година на вештини за отпорно и иновативно општество“. Оваа иницијатива е насочена кон зголемување на свеста за важноста на вештините, поддршка на поединците во развојот на нивните вештини и поттикнување на работодавците да инвестираат во развојот на своите вработени, и претставува признание за големата важност на вештините кај младите и потребата за нивен развој.

Europass е платформа креирана од страна на Европската Комисија, со која на лесен начин може да се креира профил и да се прикажат различни индивидуални вештини. Europass платформата е стандардизирана и меѓународно призната, а функционира и на македонски јазик.

Во контекст на зајакнување на вештините, Europass платформата има исклучително значење, бидејќи овозможува да се претстави профилот на јасен. модерен и концизен начин, што им олеснува на работодавците, образовните институции и другите организации прегледно да ги прочитаат и да ги проценат вештините и квалификациите.

Ова е особено важно за младите луѓе, бидејќи кај нив недостасува работно искуство и може да им биде тешко да се истакнат на конкурентниот пазар на труд. Со супер-можностите на Europass, тие можат да ги презентираат своите вештини, квалификации и искуства во стандардизиран формат, зголемувајќи ги нивните шанси да бидат забележани од потенцијалните работодавци. Europass претставува своевидно признание за важноста на вештините и поддршка на поединците во развојот на нивните вештини и кариери,

Дел од алатките кои се достапни на Europass платформата се : Europass профил (CV), мотивационо писмо (cover letter), Европска квалификациска рамка (European Qualifications Framework) и други.

Europass CV-то е стандардизирана форма на биографија во форма на профил, што овозможува јасен начин да се презентираат своите вештини, квалификации и искуства. CV-то може да се пишува на повеќе јазици. На пример, може да има една верзија на македонски јазик и една верзија на англиски јазик. Откако ќе се пополни Europass профилот, може да се сподели со генерирање на линк (врска) или со генерирање на pdf фајл. Споделувањето со врска е прегледно и може лесно да се споделува во порака или е-мејл.

Europass мотивационото писмо е образец со кој што секој може да себеси на личен и концизен начин, истакнувајќи ги нивните клучни вештини, искуства и квалификации релевантни за позицијата за која аплицираат. Вклучува делови за лични информации,

позицијата за која се аплицира и релевантните искуства, достигнувања и компетенции на поединецот.

Исто така, мотивационото писмо обезбедува простор за поединците да објаснат зошто се заинтересирани за позицијата, што можат да донесат во улогата и што се надеваат да постигнат во нивната идна кариера.

Користењето на мотивационото писмо од Europass може да ги издвои поединците од другите апликанти и да ја покажат својата посветеност за позицијата за која аплицираат. Работодавците добиваат сеопфатен преглед на вештините, искуствата и квалификациите на поединецот, помагајќи им брзо да ја проценат соодветноста на кандидатот за таа улога.

Европската рамка на квалификации обезбедува заедничка референтна рамка за класификација и споредба на квалификациите и резултатите во образованието во Европа.

EQF е структуриран систем на нивоа, од прво до осмо ниво, кој што обезбедува транспарентен и конзистентен начин на споредување на квалификациите и резултатите од учењето од различни земји и образовни системи. Во овие нивоа има средно образование, додипломски студии, магистерски студии и докторски студии
Нивоата на EQF се засноваат на знаењата, вештините и компетенциите потребни за одредена квалификација и обезбедуваат заедничка референца за работодавците, образовните институции и другите организации да ја разберат и проценат вредноста на одредена квалификација.

Со користење на EQF, поединците можат да се погрижат нивните квалификации да се препознаат и вреднуваат низ Европската унија, што им го олеснува остварувањето на нивните цели за образование и кариера. EQF е исто така корисен за работодавците и образовните институции, бидејќи обезбедува заедничка референца за споредба и препознавање на квалификациите, што го олеснува оценувањето на вештините и квалификациите на потенцијалните вработени или студенти.

Поради сите овие придобивки од користењето на Europass платформата во смисла на зајакнување на стручните вештини и квалификации, во соработка со Националните агенции се спроведуваат низа активности за нејзино промовирање и интензивирање на користењето од страна на што е можно поголем број учесници.

Со користење на Europass, младите можат значително да ги зголемат своите шанси за успех на пазарот на труд и да се подготват за успешна кариера. Со оглед на тоа што пазарот на труд станува сè поконкурентен, за младите е поважно од кога било да ги искористат сите ресурси и алатки кои им се достапни, а Europass е корисна алатка која што може да им помогне да го постигнат тоа.